Милан е изненаден од одлуката на УЕФА да не ја прифати понудата за договор околу правилата за финансиски ферплеј

УЕФА

Милан е изненаден од одлуката на УЕФА да не ја прифати понудата за договор околу правилата за финансиски ферплеј. Одлуката беше објавена и со неа на „росонерите“ им се одбива предлогот за договор и им се заканува забрана за настап во евро-куповите.

 

Непријатно сме изненадени, бидејќи очекувавме УЕФА да ни предложи договор. Откако беше воведен финансискиот ферплеј, таков договор им беше предложен на сите тимови, со исклучок на неколку помали руски клубови. Ние отидовме во УЕФА пред 15 дена и го претставивме нашиот план кој гарантираше решавање на проблемите кои се појавија поради промена на сопственикот на клубот, изјави Марко Фасоне, извршен директор на Милан.

 

УЕФА го одби планот за рефинансирање на долгот што го има Милан во висина од околу 380 милиони евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.