Фудбалска Аргентина ќе игра на СП без првиот голман Ромеро кој се повреди

Ромеро

Фудбалска Аргентина ќе игра на СП без првиот голман Ромеро кој се повреди. Ова е голем шок за гаучосите на три недели пред почетокот на СП во Русија. Ромеро го повредил коленото на тренинг, а селекторот Сампаоли на местото на него го повика голманот Гузман.

 

Искусниот 31 годишен голман на Манчестер Јунајтед веќе неколку години е прв избор за голот на Аргентина. Но повредата на коленото пред самиот почеток на подготовките го спречи за настап во Русија. Улогата прв голман најверојатно ќе му припадне на 36. годишниот голман на Челзи, Кабалеро, а покрај повиканиот Гузман на списокот е и чуварот на мрежата на Ривер Плата, Франко Армани.

 

Аргентина СП во Русија го започнуваат на 16 јуни против Исланд, а во групата се уште Хрватска и Нигерија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.