Хјустон израмни на 2-2 во победи против Г.Стејт во финалето на западот во НБА плејофот

НБА плејоф

Хјустон израмни на 2-2 во победи против Г.Стејт во финалето на западот во НБА плејофот. Ракетите во четврттиот меч нагости славеа победа од 95-92.

 

Џејмс Харден и Крис Пол, заедно уфрлија 57 поени. Харден заврши со 30 поени, додека Крис Пол 27 поени, а двајцата имаа по 4 асистенции. Тренерот Мајк Дантони играше со ротација од само 7 играчи. Во домашниот состав најефикасен беше Стеф Кари со 28 поени, а Кевин Дурент 27 коша и 12 скока. Дрејмонд Грин даде 11 поени, 13 скока и 8 асистенции.

 

Серијата се враќа во Хјустон каде се игра петтиот натпревар, а потоа повторно се игра во Голден Стејт. Доколку е потребна мајсторката или седмиот натпревар, тој ќе се одигра во Хјустон. Вечерва од 02.30 минути по полноќ се игра петтиот натпревар од финалето на истокот побеѓу Бостон и Кливленд. Серијата е израмнета и таму 2-2 во победи. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.