Бостон го победи Голден Стејт и стигна до 14-тата победа по ред

НБА

Одиграни две средби во НБА лигата. Во дербито Бостон го победи Г.Стејт  и стигна до 14-тата победа по ред. Бостон Селтикс незнае за пораз цели 14 средби, а синоќа настрада и шампионот Г.Стејт со 92-88.

 

Селтикси имаа негатива и од 17 поени но во третиот период направија голем пресврт и на крајот стигнаа до победата. Џејлен Браун со 22 поени и 7 скока беше предводникот на Селтикс, Ал Хорфорд оствари „дабл-дабл“ 18 поени и 11 скока, а Ирвинг забележа 16 поени, 5 скока и 6 асистенции. Кевин Дурент најдобар кај Голден Стејт, со 24 поени, додека потфрли Стеф Кари со само 9 поени.

 

Во вториот натпревар Хјустон убедливо го совлада Феникс со 142-116, а мечот беше решен по првата четвртина во која Хјустон постигна 45 поени, а на полувреме 90 коша. Кај рокетси се врати Крис Пол кој поради повреда не играше три недели. Пол одигра 20 минути и оствари „дабл-дабл“ од 11 поени и 10 асистенции. Џејмс Харден постигна 48 поени, 2 скока и 7 асистенции, а Рајан Андерсон додаде 24 поени.

 

За вечерва предвидени се 11 натпревари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.