Ангеловски: Се надевам дека добрата форма на фубалерите ќе се преточи во репрезентацијата

Игор Ангеловски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски по објавувањето на списокот повикани фудбалери за натпреварите со Израел и Албанија ги искажа очекувањата од натпреварите во рамки на циклусот за пласман на СП 2018 година.

 

Предводникот на „црвено-жолтите“ истакна дека очекува добрата форма на фудбалерите на клупски план да се преточи и во репрезентацијата и да се подигне нивото на игра.

 

Дени Илиев од Арсенал се враќа во натпреварувачка форма и го повикав да му дадеме мотив плус, сепак се работи за наша голманска иднина. Во одбраната се повикани фудбалерите од златната генерација до 21 година, Велковски, Зајков, Муслиу, кои одлично одиграа на ЕП и заедно со Ристовски, Ристевски, Тошевски сметам дека на вистински начин ќе одговорат на задачите. Во средниот ред имаме најмногу фудбалери од причина што имаме два меча во три дена, ќе ни треба ротација, посочи Ангеловски.

 

Во рамки од 7. коло од квалификациите за Светското првенство во Русија, на 2 септември, македонските репрезентативци ќе му гостуваат на Израел, а три дена подоцна ја пречекуваат репрезентацијата на Албанија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.