Џоковиќ поради повреда го пропушта УС Опен 2017, а можеби и сезоната

Новак Џоковиќ

Новак Џоковиќ иако беше најавен дека ќе настапи на последниот тениски гренслем во годината УС Опен, сепак поради повреда најверојатно нема да настапи. Тоа го тврди докторот на српската Дејвис куп репрезентација Милинковиќ.

 

Србинот нема да игра во САД, а во зависност од тоа како ќе се одвива рехабилитацијата, ќе се знае судбината на сезоната. Новак мора да мирува од 6 до 12 недели. Тој има коскена модринка поради претерано играње.


Не паузираше доволно затоа што е таков – стиска заби и покрај сериозни повреди. Кај вакви видови повреди, неопходно е мирување. Кај него повредата стана хронична и добро е што му предаде на Бердих на Вимблдон.


Се молев да прекине бидејќи во бројни ситуации тој ја преминуваше границата на болката. Сега се зависи од него, но мислам дека е добро да не игра до крајот на сезоната”, изјави Милинковиќ. Џоковиќ има сезона за заборав и е во константна криза уште од ланскиот Ролан Гарос.

 

Оттогаш освои само три турнири и тоа Мастерсот во Канада и двата помали во Доха и Истбурн поради што оваа сезона е една од најнеуспешните во неговата кариера. Ако паузира до крајот на сезоната, тој ќе загуби речиси 3.000 поени и сигурно ќе излезе од Топ-10 на АТП листата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.