Крис Фрум ја одбрани титулата на велосипедската трка околу Франција, Тур де Франс 2017

Крис Фрум

Британскиот велосипедист Крис Фрум ја одбрани титулата на велосипедската трка околу Франција, Тур де Франс 2017. Тоа беше јасно по последната етапа и завршницата во Париз, по која Британецот стигна до третата победа по ред на оваа трка, односно до вкупно четврти трофеј на Тур де Франс во кариерата.

 

Холанѓанецот Дилан Гроневеген славеше етапна победа пред Андре Грајпел и Едвалд Боасен Хаген, додека за Фрум беше најважно да ја задржи предноста во генералниот пласман. На крајот, тој го освои првото место со 54 секунди предност пред Ригоберто Уран од Колумбија и 2:20 минути предност пред Французинот Ромен Барде. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.