Во големото финале на Голд Купот ќе се сретнат тимовите на Јамајка и САД

Голд Куп

На Голд Купот познати се двете репрезентации кои ќе играат во големото финале. Таму ќе се сретнат тимовите на Јамајка и САД.

 

Во второто полуфинале синоќа Јамајка го изненади фаворитот Мексико со победата од 1-0. Натпреварот се одигра во Пасадена, а Јамајка го совлада бранителот на трофејот Мексико. Јамајка успеа да му се реваншира на Мексико за поразот во финалето на Голд-купот пред две години кога Мексико победи со 1:3.

 

Единствениот гол на натпреварот го постигна бекот на Њујорк Ред Бул, Кемар Лоренс, во 88. минута. 24-годишниот играч го совлада голманот на Мексико по прецизно изведениот слободен удар од 22 метри. Јамајка за титулата на Голд-купот ќе игра против САД која претходно го победи тимот на Коста Рика со 2-0.

 

Натпреварот ќе се одигра ноќта помеѓу среда и четврток во 03.30 по полниќ по македонско време на стадионот во Санта Клара. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.