Лејкерси и Нетси договорија размена на играчи и еден пик на претстојниот НБА драфт 2017

Лејкерси и Нетси разменија играчи

Во НБА лигата во САД актуелни се трејдовите на играчи. Лејкерси и Нетси договорија размена на играчи и еден пик на претстојниот НБА драфт 2017. Па така Лејкерси во Бруклин ги трејдуваше Дианџело Расел и Тимофеј Мозгов, а за возврат го добија центарот Брук Лопез и 27 пик од овогодинешниот драфт.

 

И двете страни изјавија дека ова беше одличен трејд. Езерџиите на драфтот ќе го изберат Лонзо Бол како пик врој 2 и затоа нема место за Расел во тимот. Лејкерси се ослободија и од огромниот договор на Тимофеј Мозгов, така што имаат и повеќе простор во селари капот. Бруклин пак до

 

би играч околу кој може да ја гради франшизата. Лејкерси во летото 2018 година ќе се обидат да го доведат Леброн Џејмс, а за тоа секако им е потребно доста место во буџетот.

 

Се шпекулира и уште едно име. Играчот на Индијана Пол Џорџ со кој Меџик Џонсон преговара околу можен трејд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.