Британецот Луис Хамилтон по крајот на оваа сезона најави дека би можел да стави крај на кариерата

Луис Хамилтон

Луис Хамилтон по крајот на сезоната би можел да стави крај на кариерата. Пилотот на Ф1 тимот на Мерцедес во пресрет на трката во Азербејџан, изјавил дека сеуште не донел конечна одлука.

 

„Мојата судбина е во моите раце. Би можел да се пензионирам на крајот од сезоната. „Не сакам премногу да планирам. Не знам што ќе направам. Сакам луѓето да се сеќаваат на мене како што се сеќаваат на Аиртон Сена кој беше мој идол.

 

Оваа сезона трикратниот Ф1 шампион води голема борба со Себастијан Фетел за првото место во генерланиот пласман. Хамилтон вкупно во кариерата има остварено 56 победи и 65 пол позиции. На вечната листа пред него се наоѓа само Михаел Шумахер со 91 победа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.