По само една сезона во Интер, Евер Банега заминува од Милано и се враќа во старото јато тимот на Севиља

Евер Банега

28-годишниот Евер Банега како слободен агент дојде во Интер, но не се снајде баш најдобро, а новиот тренер Лучијано Спалети веднаш му соопшти дека во неговата визија за Интер нема место за него.

 

Па така Севиља ќе ја искористи оваа ситуација и ќе го врати Аргентинецот кој блескаше две сезони, освојувајќи две титули во Лига Европа. Севиља на Интер ќе му плати 9 милиони евра за неговиот потпис. Но тоа не е се, претседателот на Севиља, Хозе Кастро потврди дека неговиот клуб е заинтересиран да го врати и Карлос Бака, кој е на излезна врата од Милан.

 

„Враќањето на Бака е конкретна опција, наскоро ќе почнеме преговори. Во потрага сме по напаѓач кој може да постигне многу голови, а Карлос е играч од таков калибар кој за нас даде повеќе од 60 гола“, изјави претседателот на Севиља, Кастро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.