Трето место за Стефановски на втората трка во Португалија

Игор Стефановски – Иџе

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе заврши на третото место на втората денешна трка во португалскиот град Вила Реал.

 

Оваа трка беше прекината откако беа извозени четири кругови, а во два наврати безбедносното возило беше на патеката. На првите две места до прекинот беа: Жолт Сабо од Унгарија и Пламен Кралев од Бугарија.

 

Поради прекинот возачите ќе го имаат пласманот што го имаа во моментот на инцидентот кога Крисјоханес Шрајбер удри во заштитната ограда. Претходно инцидент имаше и Норберт Наѓ.

 

Во очекување на официјалните резултати поради прекинот на втората трка возачите најверојатно ќе добијат половина од предвидените поени. Инаку, нема официјални резултати поради неправилностите и во првата трка кога во последниот свиок домашниот возач Хозе Родригез неправилно го мина Стефановски, а исто беше и во борбата за првата позиција. Стефановски првата трка ја заврши на четвртото место.

 

Организаторот нема уште објавено официјални резултати од двете трки.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.