Општина Петровец апелира за поодговорно однесување на излетничките места за 1-ви Мај

Апел за одговорно однесување

Да не фрлаат отпадоци, да не се уништува зеленилото и да не палат огнови на отворено, ова се препораките кои Општина Петровец ги упатува до граѓаните кои 1-ви мај планитаат да го поминат на некои од излетничките места во општината.

 

Во пресрет на одбележувањето на 1-ви мај кога се очекува зголемена посетеност на излетничките и на рекреативните места од граѓани кои овој ден го поминуваат во природа со скара и друштво, од Општина Петровец апелираат граѓаните да бидат совесни и да се однесуваат поодговорно на излетничките места, да не фрлаат отпадоци, да не го уништуваат зеленилото и да не палат огнови на отворено кои би можело да предизвикаат пожари.


Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање отпад 50 евра. Од Општин Петровец за претстојниот 1-ви мај очекува најпосетено да биде излетничкото место во Катланово.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.