Претставена фотографска биографија на Кирил и Методиј на изложбата од Павол Демеш

,,По трагите на светите Кирил и Методиј,,

По повод 1155 годишнината од доаѓањето на Кирил И Методиј во Велика Моравија беше отворена изложбата ,,По трагите на светите Кирил и Методиј,, од солвачкиот автор Павол Демеш. Изложбата претставува фотографска биографија на солунските браќа, на која авторот работел три години.


По повод 1155 годишнината од доаѓањето на солунските браќа на територија на Велика Моравија и 25 годишнината од осамостојувањето на Република Словачка беше отворена изложбата на словачкиот автор Павол Демеш со наслов ,,По трагите на светите Кирил и Методиј,,. На отворањето на изложбата присуствуваше и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој говореше за врадноста на сопствениот јазик. Иванов истакна дека правото на сопствен јазик, на образование, на самоидентификација и денес се основни универзални и европски човечки вредности. Јас денес го говорам македонскиот јазик, исто како што нашите словачки пријатели го говорат словачкиот јазик, благодарение на светите Кирил и Методиј.


Изложбата претставува фотографска биографија на солунските браќа, заштитниците на Европа, на која авторот работел три години. Станува збор за избор фотографии, којшто треба да покаже кои биле Кирил и Методиј, и воедно, зошто се толку важни за словенските народи. Изложбата опфаќа и споменици од најразлични земји, зачувани од времето на светите Кирил и Методиј или кои им се посветени ним.


Инаку, Павол Демеш е експерт за надворешна политика и граѓанско општество. Живее во Братислава. Активно фотографира, а неговите фотографии повеќе пати беа изложени и презентирани во Словачка, како и во странство.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.