Работа за 57 средношколци од СЕТУГС Михајло Пупин веднаш по матурирањето

СЕТУГС Михајло Пупин

80 ученици ќе имаат можност да се запишат во средното електротехничко училиште ,,Михајло Пупин,, кои ќе учат по наставна програма која е профилирана за потребите на 6 компании во Македонија кои денеска потпишаа меморандум за соработка со училиштето.

 

Ваков начин на наствна програма се воведе уште минатата година кога се формираше ЕВН паралелката и 20-тина ученици се директно вклучени во работниот процес на ЕВН Македонија уште за време на нивното средно образование, а по завршувањето на образованието и се нуди можност да се вработат .

 

57 матуранти од 80 ученици кои ќе го одберат средното стручно образование, односно учениците кои ќе се одлучат од септември да учат по наставната програма која е профилирна за 6 компании во Македонија по завршувањето на средното образование ќе имаат загарантирано вработување. Ова им го овозможува соработката меѓу СЕТУГС Михајло Пупин и компаниите Ванхол, Арцерол Митал, Макстил, Цементарница Усје, Раде Кончар и Виталија кои денеска ја официјализираа со потпишување меморандум за соработка.


Средното училиште Михајло Пупин ваков начин на работа започна да практикува од мината година кога со меморандумот за соработка кој го потпиша со ЕВН Македонија им се овозможи на 20-тина ученици директно да се вклучат во работниот процес на ЕВН Македонија уште за време на нивното средно образовани, а по завршувањето на образованието да се вработат и да имаат загарантирана плата од 20 илјади денари.


Министерката за образование Рената Дескоска посочи дека овој проект ги следи принципите на таканареченото дуално стручно образование и е добар пример за воведување на дуалното образование во Македонија, според кое значи креирање на наставни планови соодветни на потребите на пазарот, а учениците да се стекнат со вештини со кои ќе дојдат до полесно вработување и апелираше учениците да ја препознаат предноста на стручното образование.


Претставниците на компаниите изразија благодарност затоа што им се овозможува полесно да обезбедат потребен кадар за нивните бизниси преку ученици кои ќе работат според наставна програма прилагодена за потребите на компаниите.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.