Како да се организира зимскиот распуст на децата

Зимски распуст

Зимскиот распуст како и летниот е можност децата да се одморат од училишните обврски, но тоа не значи дека треба да им се дозволи слободните денови да ги поминуваат пред телевизот или на социјалните мрежи или пак со видео игри.

 

Психолозите советуваат дека без оглед на грижите на родетелите дека детето ќе стане мрзеливо за време на распустот, треба да им се дозволи да уживаат во тоа што ужива. Но, тоа не значи дека поголемиот дел од денот може да го поминат пред компјутер или пред телевизор. Родеителите не треба да им наметнуваат обврски за време на распустот, треба да ги остават децата да се дружат со врсници, да се занимаваат со спорт и со хоби. Единствено што треба да се ограничи, но не и забрани, е времето што ќе го поминат на друштвените мрежи, пред телевизор или со видео игри.


Родителите треба да се договорат со детето како тоа сака да го помине денот и да предложат дружење со фамилијата, со семејните пријатели, како и посета на кино. Детето за време на распустот може да научи да игра шах, карти, некојадруштвена игра, која ја сакале родителите додека биле мали.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.