Со почетокот на новата година нов бран поскапувања, како резултат на акцизата на нафтата

Бран поскапувања во 2018

Едно просечно семејство во Македонија повеќе од половина од просечната плата ја троши на храна и на пијалаци, кои се составен дел од синдикалната минимална кошничка. Поголемиот дел од граѓаните во Македонија земеаат плата од 12.000 до 24.000 денари. Но, дали оваа плата е доволна за еден месец?

 

Податоците покажуваат дека на едно просечно македонско семејство за да може да живее нормално му се потребни околу 35.000 денари. Сепак, ако сакаат да си дозволат нешто повеќе како годишен одмор, обновување на мебелот или пак доградба на требаат многу повеќе пари.

 

Со почетокот на новата година за три и пол денари се зголемува акцизата на дизел горивата, а тоа ќе донесе поскапување на основните прехранбени продукти како што е брашното, овошјето и зеленчукот. Покачувањето на акцизата на нафтата која од оваа година ја зголемува цената на дизелот во малопродажба за 3,5 денари по литар ќе биде вистински ценовен шок за граѓаните.

 

Експертите укажуваат дека првичните пресметки велат дека акцизата ќе има големо влијание врз домашниот буџет. Покрај тоа што ќе се зголемат трошоците на секое семејство кое поседува дизел автомобил, ќе се покачат и цените на сите останати производи, бидејќи најголем дел од компаниите користат нафта за транспорт на производите. Па така, се очекува од оваа година секој производ во продавниците да биде поскап. Кога станува збор за семејствата, барем оние кои користат нафта за транспорт, акцизата ќе има големо влијание врз домашниот буџет.  Едно семејство кое во просек троши 70 литра дизел месечно, сега ќе треба да плати 245 денари повеќе секој месец. На годишно ниво, тоа би изнесувало речиси 3.000 денари или околу 50 евра. 

 

Со почетокот на оваа година треба да се промени цената на водата. Според предлогот на РКЕ цената на водата за жителите во Скопје треба да се движи помеѓу 30,54 и 34,80 денари. Просечаната тарифа за градот Скопје изнесува 32,68 денари за метар кубен потрошена вода. Сегашната просечна цена изнесува 31,39 денари. На ова се додава и новата давачка што скопјани ќе ја плаќаат од наредната година за прочистување на отпадни води што според предлогот на РКЕ изнесува 2,04 денари по метар кубен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.