Сончево и топло до 29 степени

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 22 до 29 степени.

 

Во Скопје претежно сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 26 степени.

 

Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури. Од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни. Во понеделник попладне, во источните делови има услови за локална појава на грмежи. Во ноќта кон вторник ќе почне да дува засилен северен ветер кој во наредните денови ќе предизвика опаѓање на дневните температури, така што на повисоките планини на север врнежите ќе поминуваат во снег.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.