Нема нови заболени од морбили, препорака вакцинацијата да биде приоритет

Ограничена епидемија на морбили

Центарот за јавно здравје-Скопје информира дека нема пријавени нови случаи на заболени од морбили и оти се во добра здравствена состојба петте лица кај кои беше регистрирано ова заболување и во петокот е прогласена ограничена епидемија во областа Кванташка депонија во општина Гази Баба.


За време на викендот се вакцинирани околу сто лица, кои биле во непосредба близина со заболените и кои не се вакцинирани или немаат потврда за вакцинација на територијата на општината каде е прогласена епидемија.

 

Екипи од Центарот за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје заедно вршат дополнителна проверка на вакциналните картони и ги повикуваат невакцинирани или непотполно вакцинирани деца. Воедно, наложено е на сите здравствени домови во државата, приоритет да им биде вакцинација, односно ревакцинација во училиштата против морбили, рубеола и паротит.

 

- Екипите за имунизација, доколку има потреба, на територијата на поедини подрачја ќе вршат и теренска вакцинација, со цел изнаоѓање непријавени и воопшто невакцинирани деца на територијата на град Скопје, се вели во соопштението од Центарот за јавно здравје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.