Поголемо вклучување на учениците во одлуките на училиштето бараат од СЕГА, МОФ и Меѓеши

Вклучување на учениците во образовниот систем

Коалицијата на младински организации СЕГА заедно со Младински Образовен Форум и Првата детска амбасада во светот Меѓеши во изминатиот период пристапија кон процес на детектирање на потребите на учениците, испитување на можностите за регулирање на нивното учество во образовниот систем, согледување на искуствата од регионот и Европските земји како и иницирање на широк консултативен процес со засегнатите страни со цел законско регулирање на материјата.


На денешниот консултативен настан Зоран Илиески од Коалицијата СЕГА информираше дека македонските ученици не учествуваат во донесувањето на одлуки кои се важни во нивното училиште.


Дел од барањата се гласот на учениците да биде слушнат од страна на класните раководители, учениците да бидат вклучени во сите форми на управување во училиштето вклучувајќи ги и родителските совети, како и формирање на ученичка заедница која ќе ги застапува интересите на сите млади.


Дона Костуранова од МОФ информираат дека учениците во Македонија немале можност до сега да го кажат својот глас во училиштето.


Костуранова додаде дека со овој модел ќе се гарантира дека секое училиште ќе има средношколсла заедница, секој ученик ќе има право и ќе знае како да се кандидира за да ги претставува своите ученици, а за прв пат учениците ќе учествуваат во училишниот одбор како највисоко тело во училиштето и ќе имаат право да го кажат својот глас.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.