14. Интернационален фолклорен фестивал од 4-ти до 8 јули во Велес

Фолклорен фестивал во Велес

На сцената на отворено во амфитеатарот на Младинскипот парк во Велес утревечер ќе почне 14. Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ кој  во организација на Општина Велес ќе трае до 8 јули. 


Претседателот на Организациониот одбор на фестивалот Томе Јаневски на прес-конференција иформираше дека ќе учествуваат досега најголем број фолклорни ансамбли односно 24 од кои 12 странски и 12 домашни.


- Годинава граѓаните на Велес и Македонија ќе уживаат во песните, ората и танците и традициите на ансамблите од Хрватска, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Словенија, Полска и Австралија. Воедно ќе имаат можност да го проследат настапот на два ансамбла од една источноевропска земја кои се изненадување на ова издание на фестивалот, најави Јаневски. Домашните ансамбли се од Велес, Скопје, Битола, Делчево, Радовиш и од Богданци.


Фестивалот ќе почне утревечер со свечено дефиле на учесниците по велешките улици, кое ќе го предводи Балетското студио „Анабела“ од Велес. Отворањето на фестивалот е закажано во 20.30 часот во амфитеатарот во Младинсиот парк, а во случај на дожд ќе се одржи во спортската сала „Гемиџии“.


- ИФФ „Велес“ во изминатите години беше една од најпосетените културни манифестации во Велес и земјава. Имаше вечери и со повеќе од двеилјадна публика кога амфитеатарот беше претесен да ги собере големиот број љубители на фолклорот. Со оглед на годинашните гости учесници таква посетеност очекуваме и годинава и ги покануваме сите љубители на фолклорот да дојдат на петте фестивалски вечери, повика Јаневски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.