Грција и Турција и годнава се најбарани летни дестинации

Најбарани летни дестинации

Туристичките агенции со анализа пред почетокот на летната сезона. И оваа година најбарани дестинации се Грција и Турција, а се по популарно кај македонците е раното резервирање со вклучен попуст.

 

Повеќето скопски туристички агенции потврдуваат дека оваа летна сезона, исто како и минатогодишната, најголем интерес кај македонските граѓани има за летување во Грција. Попребирливите пак, се одлучуваат за хотели со повеќе ѕвезди со се вклучено, или по познато како ол инклузив понуди, кои се најзастапени на анталиската ривиера. Од туристичката агенција Фибула ер Травел информираат дека најбарани се островите на егејско море Тасос, Халкидки и Пиреја. Истото го потвдруваат и од агенцијата Сава турс а како главна причина се наведува близината но не и ниските цени, кои беа карактеристични во минатото.


Граѓаните не ретко ги користат и попустите, па резервациите ги прават најчесто или во т.н. среќен петок, или во ласт минит, со што добиваат до 20%пониски цени.

 

После нашиот јужен сосед, најбарана дестинација за ова лето е Турција, вели Зоран Николовски од туристичката агенција Сава турс. И од Фибула тврдат дека цените за летување во Турција се достапни за сечиј џеб.

 

Туристичките аранжмани до овој момент во најголем процент се пополнети, но туристичките работници велат дека сеуште имаат слободни места за сите дестинации, со оглед на тоа што летната сезона е сеуште на почеток, па очекуваат капацитетите да се пополнат до крајот на овогоднешната летна туристичка сезона.


За разлика од туристичките агенции кои се оптимисти за оваа летна сезона, граѓаните пак велат дека немаат доволно финансии да си дозволат да отпатуваат негде на годишен одмор, па пеколните температури, ќе мора да ги поднесуваат во Скопје. А најголемиот дел од граѓаните, кои репшиле да уживаат во топлото сонце, негде надвор од Скопје, тоа ќе го сторат на Охридското езеро.


Наспроти богатата туристичка понуда за соседните и подалечните земји, туристичките агенции во Македонија, многу малку, или пак воопшто не ги нудат македонските туристички центри во својата понуда.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.