Зголемено полициско присуство пред Собранието на РМ

Собрание на Р.М.

Пред Собранието на Република Македонија, по синоќешните инциденти се засилува присуството на полицијата.

 

Кај Парламентот со автобуси пристигнаа дополнителен број полицајци. Околу собраниската зграда се поставени метални барикади, а улиците се затворени за сообраќај. Пред главниот влез на собраниската зграда се поставени шатори на поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“.  

 


Во инцидентите што се случија синоќа откако група граѓани влегоа во Собранието по постапката што ја спроведоа СДСМ и албанските партии за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, како што информира МВР, се повредени 109 лица. МВР соопшти дека синоќа до 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми Септември, Градска болница „Св Климент Охридски“ и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца  пратеници.

 

Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица.

 

Собраниската служба за односи со јавност соопшти дека по вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија причинета е материјална штета, и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ во која се одржуваат пленарните седници се надвор од употреба. Согласно законската регулатива надлежните институции преземаат чекори за нивно ставање во функција и утврдување на штетата, стои во соопштението. Оттаму велат дека се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на Собранието, стои во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.