Пет опери, три балетски претстави и два рецитала на 45.Мајски оперски вечери

Мајски оперски вечери

Со Травијата, на Верди, во режија на Верена Штојбер, и со Ана Дурловски во главна улога, на 9ти мај, свечено ќе бидат отворени јубилејните 45 Мајски оперски вечери.

 

На програмата ќе бидат пет оперски и три балетски претстави, два солистички рецитали и две изведби на мјузиклот „Тајно моја“. Влезниците за премиерата на „Травијата“ се по цени од 800, 1.000 и 1.200 денари, а за другите претстави на фестивалот тие се движат од 400, 500 и 600 денари. Може да се купат и пакет-влезници за сите претстави кои чинат 3.000 денари, односно 4.500 за ВИП седишта.

 

Четириесет и петтите Мајски оперски вечери ќе понудат пет оперски и три балетски претстави, два солистички рецитали и две изведби на мјузиклот „Тајно моја“. Директорите на Операта и на Балетот, Сони Петровски и Олга Панго, денеска на прес-конференција ја соопштија програмата нагласувајќи дека е богата и разновидна. Покрај македонски изведувачи, ќе настапат и гости од повеќе земји. 


Традиционално, фестивалот ќе биде отворен на 9 мај - оваа година со премиера на „Травијата“ од Верди, нова постановка во режија на Верена Штојбер од Германија и со сопранистката Ана Дурловски во насловната улога. Претставата ќе биде репризирана на 11 мај.


Свеченото отворање на фестивалот на 9 мај ќе биде со ново читање на  „Травијата“, најпопуларната и најизведувана опера во МОБ. Овојпат е во режија на Верена Штојбер од Германија, а сценограф и костимограф на Софија Шнајдер. Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија. 


Режисерката Штојбер на прес-конференцијата рече дека идејата и била на сцената да прикаже „нормални“ луѓе, не кралеви  и бајковни ликови, и да ги пренесе нивните емоции и вистинската приказна. 


Според неа, Ведри е еден од најголемите раскажувачи на сите времиња кој со „Травијата“ ги крши табуата и дозволува главниот карактер во операта да биде жена со низок морал, љубовница.


Сценографката и костимографка Шнајдер додаде дека направила сцена која би била актуелна и денес, иако операта е од средината на 19 век. - Сцената се врти и се прикажуваат разни простори кои отсликуваат различни аспекти на општеството, рече Шнајдер.


Сопранот Ана Дурловски истакна дека со новата „Травијата“ публиката во Скопје ќе може да види повисока оперска класа и театар каков што се прави во Германија, каде ликовите и нивните релации се подлабоки. Таа соработувала со режисерката Штојбер во ист ансамбл во Германија, меѓу другите и за операта „Травијата“.


На 13 мај на програмата е операта „Севилскиот бербер“ на Росини во изведба на Српско народно позориште од Нови Сад, а следниот ден ќе гостува Опера Нова од Киев со операта „Јов“. На 28 мај е „Мадам Батерфлај“ од Пучини во изведба на Националниот театар на операта и балетот од Тирана и на 31 мај Мајските оперски вечери традиционално ќе завршат со Вердиевата „Аида“, а оваа година во главните улоги ќе бидат солисти од Турската државна опера од Истанбул. 
Балетските изведби ќе почнат на 10 мај со претставата „На пат“ на Хрватско народно казалиште од Сплит, по музика на Јохан Себастијан Бах на македонскиот кореограф Игор Киров. На 20 мај е балетот „Лебедово езеро“ на музика на Чајковски, на кој со солистите и балетскиот ансамбл на МОБ ќе настапи Оркестарот на Државната опера од Пловдив, а на 26 мај ќе биде изведен балетот „Клеопатра“. 


По шесте прикажувања на „Тајно моја“, во март и во април, мјузиклот посветен на Тоше ќе има две изведби и во рамки на Мајските оперски вечери - на 16-ти и на 17 мај. На фестивалот ќе бидат одржани и два солистички рецитала со првенци на МОБ - на 18 мај е сопранот Весна Ѓиновска-Илкова во придружба на пијанистката Кристина Светиева, и на 23 мај - басот Игор Дурловски придружен од пијанистот Дино Имери. За најмладите ќе биде изведена претставата „Пролетна приказна“ на музика од Стојан Стојков и настап на детскиот хор „Фалсето“. 

 

Влезниците за премиерата на „Травијата“ се по цени од 800, 1.000 и 1.200 денари, а за другите претстави на фестивалот тие се движат од 400, 500 и 600 денари. Може да се купат и пакет-влезници за сите претстави кои чинат 3.000 денари, односно 4.500 за ВИП седишта. 


Директорката на Балетот Олга Панго на прес-конференцијата се извини за вчерашното откажување на претставата „Дон Кихот“ поради, како што рече, немилите настани во Собранието.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.