Општина Карпош со интервентни мерки за справување со загадувањето

Општина Карпош

Општина Карпош презема интервентни мерки за справување со загадувањето во општината, изјави денеска градоначалникот Стефан Богоев.


Тој најави започнување на процедура за итна набавка на прочистувачи на воздух за сите градинки и училишта на територија на општина Карпош, како и запирање на сите градежни активности во општината.


Градоначалникот најави дека ќе продолжат и редовните контроли, инспекции на градилиштата со цел да се спречи узурпирање на јавните површини и предизвикување на дополнителна нечистотија и загадување. Ги повика сите инвеститори, фирми, претпријатија на општествена одговорност да донираат прочистувачи на воздух и заштитни маски за граѓаните или, пак, да донираат финансиски средства на наменската сметка на Општината која е објавена на веб-страницата и на Фејсбук профилот на Општина Карпош.


Граѓаните, пак, ги повика активно да пријавуваат загадувачи на отворената телефонска линија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.