Прашањата поврзани со животната средина се најгорливиот проблем за жителите од Општина Карпош

,,Здружени сили за заеднички интереси,,

Прашањата поврзани со животната средина се најгорливиот проблем за жителите од Општина Карпош кои ги идентификуваа на граѓанскиот форум кој се одржува во рамки на проектот ,,Здружени сили за заеднички интереси,,. Документот кој ќе произлезе од овие форумски сесии ќе биде доставен до локалната власт со цел решавање на идентификуваните проблеми.

 

Во рамки на проектот ,,Здружени сили за заеднички интереси,, денеска во УЗ ,,Кузман Јосифовски -Питу,, се одржа последната сесија од граѓанскиот форум во Општина Карпош. На претходните сесии биле идентификувани 7 проблемски подрачја со околу 40 прашања. Прашањата поврзани со животната средина претставуваат најгорлив проблем на жителите на Општина Карпош, како што се аерозагадувањето, комуналниот отпад и азбесните покриви. Според организаторите на форумот ова укажува дека граѓаните ги трпат последиците од загадувањето и има изразена свест за решавање на овие прашања. Документот кој ќе произлезе од овие форумски сесии ќе биде доставен до локалната власт со цел нивно решавање и затоа од голема важност е што повеќе граѓани да бидат вклучени во овие форуми.


Овој граѓански форум е од отворен карактер и неговата основна цел е идентификување на проблемите во локалната заедница, при што ќе се дефинираат соодвети решенија за ефикасно решавање на истите. Овозможување на проодни улици и паркинг места, подигнување на свеста на граѓаните за селектирање на отпадот, изградба на паркинг -платформи, решавање на проблемот со хаварисаните возила, како и ревидирањето на Деталните урбанистички планови, се дел од проблемите кои заслужуваат итност во решавањето. Учесниците се согласија дека постои нужност , во иднина да се организираат поголем број на граѓански форуми, на кои ќе се дебатира за потребите на локалната самоуправа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.