Прскањето против комарци доцни, на Скопје му се заканува епидемија

 

На Скопје му се случува инвазија од комарци, која што деновиве предизвикува непријатности кај граѓаните, а дел од нив покрај отоците и чешањето биле принудени да посетат и доктор.

Причината за ваквата состојба граѓаните ја гледаат во ненавременото прскање против комарци.

Иако веќе подолго време од Градот информираат дека прскањето против комарци ќе го реализираат штом ќе дозволат временските услови, сепак значително се доцни со оваа стандардна процедува на почетокот на секое лето.

За одговор на ова прашање се обративме и до градоначалникот на Град Скопје, кој уверува дека проблемот се појавил при проверката на средството кои треба да се употреби во прскањето.

 

Доктори од институтот за јавно здравје објаснуваат дека првото прскање требало да биде во март, кога комарците се сеуште ларви, и додаваат дека одговорните не смеат да бараат оправдување, бидејќи имало можност да се следи процедурата, и да се избегне епидемијата на комарци.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.