Средните училишта во Скопје ќе бидат опремени со прочистувачи на воздух

Прочистувачи на воздух

Сите училилници во средните училишта на Град Скопје ќе бидат опремени со апарати за прочистување на воздухот. За таа цел Градот објави тендер за набавка на вкупно 572 прочистувачи на воздух.

 

Од Град Скопје за 1-ва скопска изјавија дека доколку процедурите завршат навреме, набавката и инсталирањетро треба да се заврши до почетокот на новата учебна година, со што средношколците, барем во периодот додека се на училиште ќе бидат заштитени од загадувањето на воздухот.

 

Со цел да се обезбедат најдобри услови во училиштата и да се намали изложеноста на учениците на загадениот воздух и отровните честички, особено во зимскиот период кога аерозагадувањето е многу високо, Град Скопје реши да набави прочистувачи за воздух за сите средни училишта во градот.


За таа цел Градот Скопје распиша тендер за набавка на вкупно 572 апарати за прочистување на воздухот и тоа од 4 типа, односно 410 апарати за површина од 80м2, 119 апарати за површина од 50м2, 35 апарати за 40м2 и 8 апарати за 20м2 површина.


Сите апарати ќе бидат со сензори и ќе ги прочистуваат ПМ 10 честичките, бактерии, вируси, мириси и хемикалии и нема да емитуваат озон. Понудите треба да се достават до градот најдоцна до 4-ти јули кога ќе се одржи и јавното отварање на понудите, а рокот за испорака е 60 дена од денот на потпишување на договорот за јавна набавка.


Од Град Скопје за 1-ва скопска велат дека во јавната набавка е предвидена набавка на прочистувачи на воздух за сите простории во средните училишта во надлежност на Град Скопје и доколку процедурите завршат навреме, набавката и инсталирањетро треба да се заврши до почетокот на новата учебна година. Средствата за набавка на прочистувачи за воздух за средните училишта се обезбедени од Буџетот на Град Скопје, а проценетата вредност на договорот изнесува 9.890.400 денари без ДДВ.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.