Шилегов: Ако има интерес, Градот ќе постави вртелешки за деца во сите скопски општини

Вртелешки за деца

Вртелешките за деца од плоштадот Македонија се дислоцирани. Според најавите ќе се преместат во Аеродром, кај паркот со авионот, и во Чаир. Овие локации, според градските власти биле избрани како најсоодветни бидејќји таму имало најмногу деца. Градоначалникот Шилегов не ја отфрла можноста вакви вртелечки да се постават и во деругите скопски општини, доколку се појави интерес.

 

Вртелешките на плоштад “Македонија”, кои им нудеја забава на најмалите, за време на пролетните и летните прошетки во центарот на Скопје, веќе ги нема. Заедно со нив, ќе се отстрани и вртелешката која никогаш не проработи, спроти Министерството за надворешни работи.


Дел од граѓаните кои не беа запознати со одлуката на градоначалникот Петре Шилегов да се отстранат реквизитите за забава на децата, беа изненадени и револтирани од одлуката на Градскта власт. Коментирајќи дека главните случувања се токму во центарот на градот, велат дека би било убаво да има забава и за најмладите, и не се согласуваат дека за сметка на дополнителен слободен простор треба да им се одземе детско катче на децата. Но, има и такви кои никогаш децата не ги однеле на вртелешките, па сметаат дека нема да им недостасуваат.


Едниот карусел ќе се носи во Општина Аеродром, во паркот кај авионот во Ново Лисиче, додека другиот ќе биде преселен во Општина Чаир.


Го прашавме градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов зошто се избрани токму овие две општини, и дали и во останатите општини ќе се постават вртелешки за рекреација на најмладите.

 

Како што дознаваме, оваа одлука била донесена првенствено по барање на велосипедистите со цел да им се остави поголем простор за движење. Според Град Скопје овие рекреативни елементи го блокираат движењето на пешаците и велосипедистите по кејот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.