Над 700 учесници ќе бидат дел од Ролеријада 2018, на 25 април

Ролеријада 2018

Детскиот културен центар-Карпош од Скопје во соработка со Град Скопје, годинава по седми пат ќе организира “Ролер трка 2018 “, наречена “Возиме кон иднината“.

 

Во оваа спортска манифестација ќе учествуваат училиштата од градот и околината. Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на најмладите, како и создавање навики за спортување.


Во манифестацијата “Возиме кон иднината“, минатата година учествуваа околу 700 учесници, а годинава очекувањата се бројката да биде поголема. Учесници се деца од 30 и повеќе основни училишта од градот и околината.


Манифестацијата ќе се организира на 25 април (среда), во 12 часот.


Стартната позиција ќе биде на бул.“Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк а учесниците ќе возат до клучката на бул “Илинден“ со ул.“Никола Тесла“ , кај ЈП Паркови и зеленило.


На Ролеријадата ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и женска категорија.

 

Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација,која има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна, велат организаторите.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.