Несоодветни условите во стационатор за кучиња Вардариште

Вардариште

Реновирање на стационарот Вардариште, спречување на појавата на неодговорно сопствеништво и неконтролирано размножување на кучињата во домашни услови и чепирање на домашните кучиња се дел од решенијата за да се надмине проблемот со кучињата чиј број е се поголем на улиците и да се спречат случаите во кои беа нападнати случајни минувачи.


Од здруженијата за заштита на животните сметаат дека една од мерките за надминување на проблемот е да се спречи неконтролираното размножување на домашни кучиња бидејќи две третини од нив завршуваат на улица како скитници. Радмила Пешева од здружението "Анима мунди“" која воедно е и член на работната група која ја следеше состојбата во стационарот Вардариште истакна дека се работи за повеќе децениски проблем којшто бара пристап од повеќе аспекти.


Во Агенцијата за храна и ветеринарство, како што истакнаа од работната група, веќе имаа одреден буџет за чипирање на кучињата и имаат софтвер за ваква намена, но тој не е функционален.


Извештајот на работната група која ја следеше состојбата во стационарот Вардариште покажува дека условите за згрижување и третман на кучињата се несоодветни и оти е потребно негово реновирање. За таа цел, во буџетот за следната година се предлага да се одвојат 10 милиони денари за реновирање на овој стационар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.