Ново системско решение ќе го растовари метежот во центарот на Скопје

Петре Шилегов

Со еколошко и модерно системско решение ќе се растовари градскиот метеж во центарот на Скопје, а со тоа ќе се намали и емисијата на штетни гасови, ова го истакна градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на Регионалната конференција "Зголемување на бројот на велосипеди во Скопје" поддржана од Германското друштво за интернационална соработка и германската Влада.

 

Градоначалникот Шилегов рече дека со секоја нова реконструирана и изградена улица, Скопје предвидува изградба на соодветни велосипедски и пешачки патеки, а се со цел да се овозможат алтернативни начини на движење на граѓаните на град Скопје.


Градоначалникот Шилегов додаде дека Скопје ќе биде просперитетен и модерен град и најави дека планот на градската администрација е Скопје да стане зелена европска престолнина до 2021 година со функционирање на градот со системот смарт- сити.


Џејмс Магбет од Германското друштво за интернационална соработка во Македонија, во своето обраќање рече дека, ова не е обична работилница, туку дека се работи за живот или смрт. Населението во урбаните средини страда од загаден воздух и дека секоја седма смрт е поврзана со лошиот воздух во урбаните средини.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.