Повеќе делови од Скопје утре без струја

Без струја делови од Скопје

Поради закажани технички зафати, утре без електрична енергија ќе остант повеќе делови од Скопје, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.


Од 08,30 – 11,30 часот без струја објектите на Машино Метал, Маџари 17 и склад Технометал во Маџари во о. Гази Баба. Во периодот од 08,30 – 11,00 часот без струја ќе биде дел од ул. Димитар Беровски во о. Центар. Од 08,00 – 11,00 часот струја ќе нема и на дел од ул. Ботун во о. Карпош. Во периодот од 09,30 – 15,00 часот без струја ќе биде дел од с, Буковиќ во о. Сарај.


Од 08,30 – 14,00 без струја ќе бидат стопанските и нестопанските објекти во близина на ул. Народни Херои, ресторан Ексклузив, Маркет на Скопски Пазар и ДМ, дел од ул. Народни Херои и подружница на министерството за земјоделие во о. Кисела Вода.


Од 11,30 – 15,30 часот струја ќе нема на ул. Ѓорѓи Капчев – подулици бр. 3, 5 и 7 во о. Аеродром и од 09,00 – 14,00 часот без струја ќе бидат селата Ласкарци, Буковиќ, Раовиќ и Паничари во о. Сарај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.