Утре без струја делови од повеќе скопски општини

Без струја делови од Скопје

Поради закажани технички зафати утре без електрична енергија ќе останат дел одпотрошувачите во повеќе скопским општини, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје по известување на ЕВН Македонија АД.  


Од 08,30 – 14,30 часот без струја ќе останат дел од улиците Гиго Михајловски, Бранислав Нушиќ, Даскал Камчев и Иван Аговски во општина Карпош, од 08,30 – 14,30 часот село Грчец во општина Сарај, од 09,00 – 12,00 часот  улици 1, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани.


Во периодот од 09,00 – 13,00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат и дел од ул. Козле од бр, 50-а до 54 -б како и дел од ул. Џумајска во општина Карпош, од 10,00 – 14,00 часот ул. 3 како и околните подулици од ул. 3 во Визбегово во општина Бутел, како и од 09,00 – 13,00 часот ул. Њуделхиска од бр. 1-а - 9-б и ул. Атинска од бр. 9-б – 13-б  во општина Карпош. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.