На пет локации во Скопје се донираше храна за бездомници

"Нахрани 1000"

На пет локации во Скопје денеска започна акцијата за донирање на храна "Нахрани 1000" по повод 17 октомври - Светскиот ден за борба против сиромаштијата.

 

Штандови за донирање на храна беа поставени на плоштадот Македонија, пред Скопје сити мол кај Плеј кафе, пред Веро во Аеродром, пред Домот на градежници и пред Тинексот во Ѓорче Петров. На штандовите се донираше храна која е наменета за бездомниците и за сите загрозени семејства. Целта на оваа акција е да се поттикне солидарноста и да се подигне јавната свест за донирање храна на оние на коишто таа им е најпотребна.


Организатори на настанот се граѓанската иницијатива "Мрдни со прст", "Црвениот крст на Град Скопје", организацијата "Ајде Македонија", Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства "Љубезност", Сојузот на извидници и организацијата "АДРА". Како што информираат организаторите заентересираноста за акцијата е голема такашто во акцијата беше вклучено комбе кое ги посети компаниите во Скопје бидејќи, бизнис секторот пројавил интерес за акцијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.