Коце Трајановски даде отчет за сработеното

Коце Трајановски

Голем број проекти во делот на инфраструктурата, сообраќајот, образованието, и животната средина се реализирани во изминативе четири години во Град Скопје, а значителен е и бројот на проекти кои се во тек, и чија завршница се очекува периодов што следува.

 

Во изминативе четири години работев транспарентно, напорно и посветено. Плод на таквата посветеност и работа се стотици реализирани проекти во Град Скопје, во различни области кои го подобрија животот на скопјани. Ова на денешната прес-конференција го истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој даде отчет за неговата работата за изминатите четири години. 


Тој посочи дека обновиле улици во должина од 20 километри: „Кемал Сејфула“ втор дел, „Јане Сандански“ втор дел, „Васко Карангелевски“ која деновиве ќе биде пуштена во употреба, „Народи херои“ во Кисела Вода, „Алија Авдовиќ“ во Гази Баба, Сингелиќ, улицата „Сарај“ прв дел..., како и три кружни тека.


Градоначалникот Трајановски информира дека со ЈП „Водовод и канализација“ изградиле 82 километри водоводна мрежа, 40 километри фекална канализација и околу 30 километри атмосферска канализација.

 

Трајановски нагласи дека проекти се реализирале во 10-те општини во Град Скопје во интерес на жителите. Потсети на дел од реализираните проекти, како реконструкција на 21 средно училиште, изградени велосипедски патеки во должина од 51 километар, реализирани квалитетни културни и спортски манифестации. За 2016 година, како што рече, добивме награда за мобилност од ЕУ.


Во овие четири години засадени се 256.000 листопадни дрвја и зимзелени садници, а подигнати се 330.000 метри квадратни нови зелени површини. Субвенционирани се 405 граѓани за набавка на печки на пелети и 2.600 граѓани за купување велосипеди, додаде Трајановски во отчетот за сработеното.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.