Продолжува времениот сообраќаен режим на ул.„Тодор Александров"

Времен сообраќаен режим

Поради изведување градежни работи за асфалтирање на коловозот продолжува времениот сообраќаен режим на улицата „Тодор Александров“, како и на околните улички од десната страна од оваа улица, информира Град Скопје.


Денеска и утре во периодот од 8 до 17 часот ќе се асфалтира десната страна на улицата „Тодор Александров“, а етапно ќе бидат затворени за сообраќај попречните улици „Периша Савелиќ“, „Партение Зографски“, „Тасино Чешмиче“ и „Славејко Арсов“. Во текот на градежните работи, на терен ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.


Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност, во своето движење да ја користат околната патна мрежа. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.