Вечерва започнува забавата ,,Супер Скопје,,

,,Супер Скопје,,

Од вечерва започнува забавата ,,Супер Скопје,, која ќе трае во наредните четири викенда. ,,Супер Скопје,, ќе понуди забава со настап на повеќе музички ѕвезди, а за таа цел работното време на угостителските објекти е продолжено за еден час.

 

Со настапот на Сергеј Четковиќ вечерва на Кејот 13 Ноевмри во 21 часот започнува првиот викенд од големата забава ,,Супер Скопје,,. На оваа локација во рамките на ,,Супер Скопје,, покрај вечерашниот концерт на Четковиќ, скопјани утре од 21 часот ќе се забавуваат со Бајага и Инструктори. За дополнитална забава на граѓаните продолжено е и работното време на угостителските објекти за еден час на датумите кога ќе се одржува ,,Супер Скопје,,. Во рамките на ,,Супер Скопје,, ќе се одржат настапи во наредниве 4 викенди со концерти на разни локации каде е подготвена одлична музичка програма.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.