Започна изградбата на атмосферска канализација во Ќерамидница

Атмосферска канализација во Ќерамидница

Започна изградбата на атмосферска канализација во Ќерамидница на улицата од Дојрана до Скопски саем. Со овој зафат ќе се реши проблемот со поплавувањето при поројните дождови. Должината на овој зафат е 550 метри, а рокот за изградба е 60 дена.

 

Започнаа градежните работи за изградба на новата атмосферска канализација што се гради по дел од улицата број 513 во населбата Ќерамидница, што води кон Скопски саем, во општината Гази Баба.


Со изградбата на овој атмосферски колектор практочно ќе се заокружи колекторскиот систем од Дојрана па се до Вардар и од Пролетер до реката Вардар. Должината на овој зафат е 550 метри, а рокот за изградба е 60 дена. Инвеститорот на проектот е ЈП ,,Водовод и канализација,, и за неговата реализација се издвоени околу 25 милиони денари. Градоначалникот на Град Скопје КоцеТрајановски истакна дека оваа канализација се прави затоа што има две црни точки или две критични точки што се јавуваат при обилни дождови, односно едната е кај Дојрана, а другата е на булеварот Александар Македонски меѓу Континенрал и семафорите кај Автокоманда.


Градоначлникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, истакна дека со помош на ЈП ,,Водовод и канализација,, и Град Скопје, односно со реализацијата на овој значаен проект ќе се решат проблемите што настануваат заради поплавувањето кај Дојрана и кај Континентал. Тој, исто така, кажа дека заедно со Град Скопје планираат и во иднина да ги решаваат црните точки во општината.


Од градот упатуваат апел до граѓаните дека поради градежните работи коишто се одвиваат на улицата број 513 , којашто минува низ населбата Керамидница и води кон Скопскиот саем, сообраќајот е затворен и да се придржуваат на поставената сообраќајна сигнализација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.