Колку скопјани ги користат базените во градот за летно разладување?

Аква парк

Сo почетокот на летниот распуст, започнаа со работа и базените на отворено во Скопје. Иако десетти јуни се смета за одличен период за отварање на летната сезона, неповолните временски услови и врнежливото време, го направија своето, односно ги одложија метежите на базените. Сега, кога температурите во главниот град се речиси неподносливо високи, ги прашавме граѓаните дали посетуваат базен?


И покрај тоа што разладувањето во водите на локалните базени е единствената летна алтернатива за граѓаните на овие високи температури, се разбира за оние кои немаат можност да отпатуваат надвор од градов, по се изгледа дека нема голем интерес за ваков вид на рекреација.


Меѓу другото од разговорот со соговорниците имавме можност да забележиме и дека цената на билет за едно дневно капање има големо влијание во одлуката да се посети базен. Цената на базрнот Бисер, изнесува 200 денари за возрасни, 100 за деца. Во состав на базенот има и детски базен кој според менаџерката на базенот Ајнур Селманова овозможува разладување и опуштање за целото семејство.


Аква паркот во состав на спортскиот центар Борис Трајковски веќе подолг период привлекува посетители од Скопје, и пошироко. Овој новитет пред неколку години се појави во Македонија, и сеуште буди интерес кај љубителите на водените лудории. Како што информираат од Спортскиот центар понуда е адаптирана спрема можностите и потребите на граѓаните, а за безбедноста на посетителите оваа година ќе се грижат 34 лиценцирани спасители од Црвениот крст, вклучувајќи и медицинска екипа. Аква паркот и оваа година нуди многу содржини за забава меѓу кои базенот со бранови, бумерангот, мрзливата река, спеј балот…


Цената на билетите е иста како лани, односно дневен билет ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под 4 години е бесплатна. За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30 проценти.


Базенот во Карпош е отворен од понеделник до сабота во термини од 9 до 16 часот и од 21 часот до полноќ, а во недела од 9 до 24 часот. Цената за дневен билет изнесува 200 денари, а за месечна карта 2.500 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.