Парк шумите Водно и Гази Баба одлични за рекреација на скопјани

Парк шуми

Парк шумите Водно и Гази Баба претставуваат одлично место каде жителите на Скопје може да се рекреираат и да ја избегнат жештината од градскиот асфалт во летниот период. Значајна е рекреативната улога која ја имаат Парк шумите, иако Парк шумата Гази Баба голем број граѓани не ја посетиле, треба тоа да го сторат затоа што во изминатите години се презедоа многи активности за враќање на сјајот на Парк шумата како важен спортско рекреативен локалитет.

 

Парк шумите Водно и Гази Баба имаат значајна рекреативна улога во животот на скопјани и претставуваат одлично место да се избегне жешкиот асфалт во летниот период. Парк шумата Гази Баба иако не е многу позната меѓу граѓаните, сепак претставува место каде што граѓаните треба да појдат и да се уверат во убавините кои ги нуди ова место кое е одалечено само 5 километри од центарот на градот, каде во изминатите години се презедоа повеќе активности за враќање на сјајот на Парк шумата како важен спортско рекреативен локалитет, кој граѓаните можат повторно да го користат за спорт и рекреација.


Парк-шумата Гази Баба се наоѓа веднаш до скопските населби Автокоманда и Железара. Пристигнувањето до парк-умата е едноставно. Можете со автомобил со кој би пристигнале за десетина минути или пак со јавен превоз. Во близина се наоѓа булеварот ,,Александар Македонски,, каде што поминуваат голем број од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие, како и автобусите на приватните превозници. Лесен е пристапот и со автомобили, кој може да се паркира во подножјето на паркот. Во самиот парк забранет е влезот со возило со цел да се сочува природата на Парк шумата.


На почетокот од паркот се наоѓа голема полјана, на која се распоредени клупи и места за одмор. Над полјаната почнува делот со шумата низ која се испреплетуваат повеќе пешачки патеки, кои се обележани. Исто така и меѓу дрвјата има многу клупи и дрвени летниковци за одмор.


Тие што ги знаат можностите што ги нуди овој парк, често го користат за кратки прошетки, но и за вежбање, со оглед дека патеките можат да се користат за трчање и за возење велосипед. Трим патеката во Парк шумата е со должина од 2140м и широчина која се движи од 2-3 метри, покрај патеката се поставени 4 трим станици и на секоја од нив има по пет фитнес реквизити изработени од дрво и метал. Исто така има и видиковец, бетонски и дрвени корпи за отпадоци, маси и клупи за седење, патокази и табли за нумерација на должината на патеката.


Во оваа парк шума често има акции за засадување на голем број дрвца кои ќе овозможат попријатни услови за престој на граѓаните во природа. Сепак, иако е замислен како спортско-рекреативен простор, парк-шумата се уште малку се користи од жителите на Скопје.


Наспроти Парк шумата Гази Баба, Парк-шумата ,,Водно,, е многу попозната меѓу луѓето и како комплексен екосистем има посебно значење за градот Скопје, а посебно значајна е рекреативната улога на парк-шумата Водно, како и архитектонско-естетската вредност на истата. Парк-шумата Водно е најзначајниот зелен појас за Градот Скопје. Прогласена е за парк-шума во 1976 година, а пренесена е под ингеренции на ЈП Паркови и зеленило во 1988 год.


Парк-шумата Водно со зачуваните пејзажи претставува препознатлив амбиент којшто е доста посетен од граѓаните на Скопје како нивно најважно рекреативно подрачје во природна околина. Граѓаните Парк шумата Водно ја користат за излети, планинарење, екстремни спортови, туризам и секако рекреирање и засолнување од високите температури во летниот период и загадениот воздух во зимскиот период кој го имаме во градот. Како и да е овие две места се вредни да се посетат и барем накратко да се опуштите и да уживате во убавините кои ги нуват овие Парк шуми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.