Градот Скопје ги отфрла шепекулациите за блокирање пристапи до домовите кај последна 24-ка

Реакција на Град Скопје

Градот Скопје ги отфрла шпекулациите дека со изградбата на кружниот тек кај последна 24-ка ќе се блокира пристапот до домовите на жителите кои два дена протестираат во Кисела Вода. Од градот потенцираат дека со реализацијата на овој проект нема да се затвораат улици и никој од граѓани нема да остане без пристап до неговиот дом.

 

Градот Скопје реагира на наводите на одредени жители на Килеса Вода, кои стравуваат дека ќе останат без пристап до нивните домови, во рамки на проектот за пробивање на булеварот Србија до улица Христо Татарчев, каде што ќе се изгради и кружна крстосница. Од градот информираат дека изградбата на овој проект се одвива согласно со сите законски прописи и се испочитувани сите законски одредби, од проектирањето до изведбата.

 

Дополнително, Градот Скопје целосно ја отфрла шпекулацијата дека со реализацијата на овој проект, на одредени лица ќе им биде оневозможен пристап до нивните домови. Од градот потенцираат дека со реализацијата на овој проект нема да се затвораат улици и никој од граѓани нема да остане без пристап до неговиот дом. Кружниот тек кој се гради на последната автобуска станица 24 во месноста Припор ги извади на улица жителите поради како што велат инфраструктурниот проблем кој предвидува изградба на два ѕида кои ќе го блокираат пристапниот пат.

 

Жителите од населбата Припор велат дека ќе поднесат претставка до Град Скопје бидејќи изградбата на двата ѕида како што велат не била во согласност со деталниот урбанистички план со кој што требало и двете улици да се поврзат со кружниот тек којшто се гради.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.