Вчера во Скопје во 10 сообраќајки повредени осум лица

Сообраќајни незгоди во Скопје

Две лица се потешко, а шест полесно повредени во вкупно 10 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во четири е причинета материјална штета.


Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број на прекршоци.


Санкционирани се 20 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај, еден возач поминал на црвено светло на семафор, девет возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и девет возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 44 непрописно паркирани возила.


Со специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 59 возила.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.