На Скопско лето изложба на академскиот сликар Адин Хебиб

Скопско лето

Во рамки на Скопското лето 2017 вечер ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Адин Хебиб. 


Хебиб, кој е роден во 1955 година во Мостар, се школувал во Мостар и Белград, а завршил во Париз во класата на проф. Борис Цикаловски, каде од 1983 до 1985 год. специјализира експресионизам. Неговиот богат опус на слики и графики опфаќа сценографии, плакати, илустрации на книги и монографии.


Адин Хебиб има добиено 11 европски први награди за графички дизајн. Добитник е и на низа други стручни награди и признанија од сите страни на Светот. Делата на Адин Хебиб се наоѓаат ширум светот. Посебно е горд на муралите кои се наоѓаат во Вашингтон „Исповеди на Босна и Херцеговина“ 1998 година, а значајни се и заедничката работа на Миа Хебиб, Едина Селесковиќ и Адин Хебиб на кулата „Плава Призма“ – Аваз Бизнис Центар во комбинирана техника, „Мојот живот во 50 слики“, како и муралот „Настанокот на планетата земја“ од 2004 година во истиот објект во кој работел со Едина Селесковиќ (Њу Јорк).


Исто така и муралот во претставништвото на Кока-Кола во Сараево „Историја на БиХ“, 2000 година, комбинирана техника, и муралот „Елементс “ – Импортане центар во Сараево „Американски сон на босански начин“ 2008, комбинирана техника. 


Откупени дела на Хебиб се наоѓаат во: Ватикан, Греманскиот президиум, Загреб, Гетебург, Инсбрук, Осло, Истанбул, Сарајево, Бретен...


Изложбата ќе биде поставена во НЛБ Галеријата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.