Културно лето во повеќе скопски општини

Културно лето во Скопје

Граѓаните на Скопските општини и ова лето ќе можат да уживаат во богатата културно забавна програма во рамки на програмата која општините традиционално ја нудат во рамки на културните лета кои ги организираат во општините, се со цел на своите граѓани да им овозможат забава во летните денови.

 

На жителите на Општина Гази Баба и ова лето им се нуди голема културно-забавна програма во рамки на Културното лето кое се одржува во оваа скопска општина. Традиционално како и секоја година, така и оваа општина Гази Баба за своите граѓани подготвува многу културно забавни содржини за во летните денови.

 

Оваа година културното лето во Гази Баба започнува на 1 јули со Меѓународен фолклорен фестивал со гости од други држави кој ќе се одржи на плоштадот во Автокоманда, а потоа на 2 јули продолжува во Булачани и на 4 јули во Железара. Културното лето во Гази Баба ќе трае до крајот на месец август во чии рамки ќе се одржат Петровенски чествувања на 13 јули во населеното место Јурумлери.

 

Во рамки на чествувањето од катастрофалниот земјотес ,,Скопје се сеќава,, на 26 јули ќе се одржат и ,,Денови на солидарност,, во паркот Борис Трајковски во населбата Ченто која е настаната по земјотресот од донации од други градови.

 

Во Црешево ќе се одржи Ревија на народни носии, инструменти и песни. Големиот број на посетители ќе имаат можност да го погледнат спојот на прекрасниот колорит на македонската народна носија, звуците на народните изворни инструменти, на прекрасните гласови на нашите македонски песнопојци и на орото, она кое како традиција се пренесува од колено на колено од нашите претци на младите генерации, како и на народните умотворби. Исто така ќе бидат организирани и голем број на концерти со сериозна, забавна, народна и детска музика, на разни локации низ општината каде ќе има поволни услови, а како разултат на добрата соработка помеѓу Општина Гази Баба и Унгарија на културно поле ќе се одржи и концерт на КУД од Унгарија.


Културно лето традиционално продолжува и во Општина Ѓорче Петров со разни културни и забавни манифестации за жителите на оваа општина. Спектакуларно културно лето секоја година има Општина Карпош, а за оваа година од општината ни изјавија дека се уште ја подготвуваат програмата со која ќе ги забавуваат жителите на Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.