Нема веќе субвенции за велосипеди, исцрпени се предвидените средства од градот

Субвенции за велосипеди

Исцрпени се средствата од Град Скопје за субвенции за купување нов велосипед. Од градот информираат дека од денеска нема повеќе да примаат нови барања за надоместок на дел од трошоците за купен нов велосипед.

 

Град Скопје соопшти дека пристигнале над 2.600 барања за добивање субвенции за купување велосипед на граѓаните што купиле нов велосипед и се пријавиле на распишаниот јавен повик, со што се исцрпени средствата предвидени во буџетот за оваа намена. Поради тоа, информираат од Град Скопје, веќе нема да примаат нови барања за субвенции за надоместок на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди.

 

Од Град Скопје посочуваат дека Комисија активно ги разгледува пристигнатите барања, по редоследот на поднесувањето на барањата и изготвува решенија за исплата на средствата на граѓаните коишто ги поднеле.

 

Со цел да ги стимулира граѓаните во што поголем број да го користат велосипедот како превозно средство, Град Скопје на 13 мај објави јавен повик за надоместување дел од трошоците при купување велосипед, односно средствата што ги надоместува Град Скопје се во износ од 50 отсто од цената на велосипедот, но не над 4.000 денари, нето износ, по лице.

 

За оваа намена Град Скопје одвоил 10 милиони денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.