Изработена физибилити студија за пречистителна станица во Скопје

Пречистителна станица

Францускиот амбасадор во земјата Кристиан Тимоние денеска им го предаде документот на комплетната физибилити студија за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Град Скопје на вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, на министерот за животна средина Башким Амети и на секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски.  


- Студијата има зацртано да постигне пет клучни цели: третман на водата што се испушта во реката Вардар по течението низ Скопје, предлог за одржлива пречистителна станица во согласност со европските директиви од оваа област, обезбедување на највисоко ниво според постојната технологија на целиот синџир на обработка вклучувајќи го и нивото на обновување на енергијата, во цената формирана во зависност од оваа инвестиција за жителите на главниот град, да се почитуваат можностите за придонес на граѓаните на Скопје кон формирањето на цената на водата и се предлага обемен финансиски модело за да се овозможи негово финансирање од меѓународни донатори, истакна амбасадорот Тимоние.


Физибилити студијата ја изработи француската групација ЕЖИС, а со 700.000 евра е финансирана од Франција.


Овој проект, како што оцени францускиот амбасадор, во поглед на билатералните односи е многу важен. Изрази надеж дека преку проектот француските експерти ќе ги споделат своите најнапредни искуства со македонските кадри од областа на технологијата и дека проектот ќе го отвори патот кон други партнерства. 
Тимоние на претставниците на македонските власти им ги предаде физибилити студијата, студијата за влијанието врз животната средина и финансиската студија. Целта на проектот е намалување на ризиците од загадување и подобрување на севкупната чистота на градот.    


Секретарот на Град Скопје Марјанчо Тодоровски истакна дека физибилити студијата за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Град Скопје е од особена важност за градот и еден од најголемите проекти. Градот Скопје, како што истакна, во изминатиот период работел на создавање услови за изградба на прелистителна станица. Доградени се 144 км водоводна мрежа, 190 км фекална канализација и над 170 км атмосферска канализација, а преземени се и други мерки. 


Презентацијата на документите ја направија француските консултанти од групацијата ЕЖИС, во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и потенцијалните финансиски донатори од Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светска банка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.