Неколку скопски населби и села утре без струја

Без струја делови од Скопје

Дел од корисниците од улицата „Благоја Паровиќ“ во општина Чаир утре од 9 до 12 часот  ќе останат без напојување со електрична енергија.

 

Од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Прохор Пчински“ во општина Чаир, од 10 до 12 часот корисниците од улиците „Козјак“ и „Франк Хардкорт - Манинг“, како и зградите на улицата „Христо Татарчев“ 47а, 47б, 47в, 47г во општина Кисела Вода, а од 9 до 10 часот корисниците од улиците „Нов Живот“, „Брсјачка Буна“ и „Злетовска“ во општина Шуто Оризари.

 

Во периодот од 6:30 до 7:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Франклин Рузвелт“ зграда бр. 68 во општина Карпош, од 8 до 10 часот корисниците од улицата „Сава Ковачевиќ“ бр. 22, 24, 26, наспроти „Американ констракшн“ во општина Кисела Вода, од 6:30 до 13:30 часот корисниците од централниот дел од населбата Јурумлери, а од 6:30 до 8, како и од 12:30 до 13:30 часот корисниците од селата Трубарево, Идризово, и дел од корисниците од Јурумлери кон Драчево.

 

Утре од 8:30 до 16 часот без струја ќе се и корисниците од селата Цветово, Драчевица, Рамни Габер, Мала Река, Горно и Долно Количани, Црвена Вода, Палигар, воените објекти на Караџица, како и базните станици, рибникот на Принцес во Мала Река и делот од општина Студеничани на патот за Караџица.

 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во системот од страна на ЕВН Македонија АД.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.