Сашо Радушин е среќникот кој го фати крстот во реката Лепенец во Волково

Водици во Волково

Со фрлање на крстот во водите на реката Лепенец, традиционално и ова лето господово се одбележа верскиот празник Водици. Голем број на верници се собраа околу коритото на реката Лепенец да го проследат фрлањето на осветениот крст - симбол на среќата и благостостојбата.


Верата во Господ привлече 30 верници годинава да влезат во водите на реката Лепенец во населеното место Волково, но најсреќен беше Сашо Радушин од Волково, кој од градоначалникот Александар Наумовски, доби подарок лап топ компјутер. Сашо на сите верници им порача да имаат верба во Бог, И да не се плашат да влезат во студените води на реките, за да го извадат осветениот крст.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.