Личен рекорд на скопските матуранти - учесници во Матурската парада

 

Точно на пладне на плоштадот Македонија допатува сигналот од Љубљана и се слушнаа првите ноти од штраусовата опера "Лилјакот".

Точно 988 матуранти од Скопје, на плоштадот Македонија во исто време со нивни врсници од 60-тина градови во Европа го заиграа традиционалниот танц за Матурската парада - квадрил.

Матурантите од главниот град, го соборија својот личен рекорд, а во Македонија, покрај во Скопје, квадрил играа и матурантите во Охрид, Струга, Струмица, Ресен и Гевгелија.

Облечени во црни и црвени маици, опремени со свирчиња и чадори, матурантите најпрво го изиграат 8 минутниот квадрил, а потоа во малку поопуштена варијанта играа салса.

Годинава матурантите се обидуваат да го срушат вкупниот Гинисов рекорд во категоријата истовремено синхронизирано одигрување на еден ист танц на различни места, односно градови.

Последниот рекорд беше поставен во 2008 година, кога на Матурската парада учествуваа 27.040 матуранти од 44 градови од Европа.

Задоволни од организацијата, но и од самиот настан се и матурантите.

Велат вакви настани треба да има почесто.

До сега, дел од Матурската парада биле 207.792 матуранти.

Објавено на 22/4/2011 во 23:14